top of page
Search
vlatkon

НОВО - TENDOCOLINN® ја враќа силата и еластичноста на тетивите и лигаментите

Тетивите и лигаментите се цврсти фиброзни, сврзни ткива, слични по својата структура. Изградени се од густо поставени снопови на колагенски влакна - од кои 98% отпаѓаат на

колаген тип 1. Цврстите тетиви и лигаменти се клучни за доживотната благосостојба и подвижност. Лигаментите ги поврзуваат коските меѓу себе, а тетивите ги припојуваат мускулите со коските. Двете сврзни ткива се направени од колаген и се клучни за контрола и стабилно на движењето, како и воопшто добра подвижност.


Кај физички активните луѓе и особено спортистите, повреди на меките ткива кои ги засегаат мускулите, тетивите и лигаментите се многу чести. Независно дали се работи за трчање, велосипедизам, планинарење, тенис или фудбал, најголем број од спортските повреди се последица од пренапрегнати тетиви. Повредите кај овие лица се чести бидејќи силата, моќта и брзината зависат од крути тетиви. Но, иако крутите тетиви се добри за спортски перформанси, тие истовремено се многу посклони кон повреди.


Тетивите и лигаментите кај врвни спортисти идеално треба да комбинираат цврстина и флексибилност. Колагенот ја обезбедува соодветната еластичност за оптимална функција и перформанси. Повредите на тетивите се должат на деградација на колагенските влакна и опоравокот потоа е бавен, поради што го нарушува континуитет на тренинг со лични, компетитивни и финансиски последици како кај професионалните спортисти, така и кај аматерите рекреативци.


Останатите ризични групи за повреди на тетивите и лигаменти се:

  • Постари лица (80% од лицата постари од 80 години имале барем една руптура на тетива)

  • Лица со остеоартритис, остеопенија, остеопороза

  • Жени во менопауза

TENDOCOLINN® содржи специјални биоактивни колагенски пептиди, дизајнирани за подобро здравје и квалитет на лигаментите и тетивите. Претклиничките и клинички студии покажуваат позитивен ефект на TENDOCOLINN®, особено ако се комбинира со умерена физичка активност. TENDOCOLINN® значително го намалува ризикот од повреди, а ја зголемува флексибилноста. TENDOCOLINN® значително ги зацврстува тетивите и лигаментите.


TENDOCOLINN® е ефикасен нутриент за силни тетиви и лигаменти.


Силните тетиви и лигаменти придонесуваат за високи физички перформанси кај професионалните спортисти. Тие исто така се неопходен предуслов за флуидни движења кои се дел од изометричките, високо флексибилни вежби како што се јога или Пилатес. Силата на тетивите и лигаментите зависи од екстрацелуларниот колагенски матрикс, протеогликани и еластични влакна. TENDOCOLINN® содржи биоактивни колагенски пептиди, оптимизирани да стимулираат биосинтеза на нови екстрацелуларни матрикс молекули за здрави тетиви и лигаменти.

TENDOFORTE® биоактивните колагенски пептиди ги стимулираат тендоцитите и фиброцитите да создаваат нови количини на колаген тип I и протеогликани. Зголемена е продукцијата и на еластин што може да се објасни со влијанието на пептидот врз намалената продукција на матрикс металопротеазите.


ВИТАМИН Ц придонесува за нормална синтеза на колаген потребен за нормална функција на 'рскавиците, тетивите, лигаментите и коските, при што обезбедува цврстина и еластичност на новонастанатите колагенски влакна.


ВИТАМИН Б6 игра значајна улога во метаболизмот на протеини и јаглехидрати. Покажува антиоксидативно и антиинфламаторно дејство.

Зошто TENDOCOLINN®?

  • Ја обновува структурата и функцијата на тетивите и лигаментите

  • Обезбедува нивна цврстина, сила, подобра подвижност и еластичност

  • Делува противвоспалително

  • Го забрзува процесот на заздравување и враќање на секојдневните активности и тренинзи

  • Го намалува ризикот од настанување на нови повреди

  • Безбеден за долготрајна континуирана употреба

  • Со пријатен вкус

РЕЗУЛТАТИ ОД КЛИНИЧКИ СТУДИИ


Дневната доза од 5g на производот TENDOCOLINN® доведува до значително подобрување на состојбата кај пациенти кои имаат проблеми со лигаментите и тетивите.


Кај спортисти со хронична нестабилност на скочниот зглоб се покажало значително подобрување на стабилноста на глуждот и намален ризик од повторување на повредите во поглед на истегнувања.


Кај спортисти кои имале проблем со Ахиловата тетива, а притоа не биле во состојба да трчаат и не реагирале на ниту една традиционална терапија, клиничките податоци од Австралискиот Институт за спорт покажале дека за многу брзо време се вратиле на трчање по употреба на производот TENDOCOLINN® во период од 3 месеци.


1,265 views0 comments

Comments


bottom of page