
OLIGOPINN® и хроничната венска инсуфициенција
- vlatkon
- 1 day ago
- 2 min read
пишува: Д-р Александар Гацовски, васкуларен хирург
Клиничка болница Битола
Современата грижа за венското здравје не се сведува само на третман на симптомите, туку и на подобрување на квалитетот на живот. Хроничната венска инсуфициенција и проширените вени се чести состојби кои може да предизвикаат тежина во нозете, оток, болка, грчеви и замор, особено во текот на летните месеци.
Што претставува OLIGOPINN®?
OLIGOPINN® е природен препарат базиран на стандардизиран екстракт од кора од приморски oligopinn-и-хроничната-венска-инсуфициенцијабор (Pinus pinaster), богат со процијанидини, биофлавоноиди, органски киселини и катехини. Неговите активни компоненти покажуваат антиоксидативно, антиинфламаторно и вазопротективно дејство и придонесуваат за подобрување на функцијата на крвните садови и микроциркулацијата.
Како делува?
· Поддржува нормална функција на ендотелот (внатрешниот слој на крвните садови).
· Придонесува за подобрување на микроциркулацијата.
· Помага во намалување на оксидативниот стрес.
· Поддржува намалување на венскиот застој и чувството на тежина во нозете.
· Придонесува за намалување на отокот на долните екстремитети.
Што покажуваат клиничките податоци?
Достапните клинички студии укажуваат дека екстрактот од Pinus pinaster може да придонесе за намалување на едемот, чувството на тежина и болката во нозете, како и за подобрување на микроциркулацијата кај пациенти со хронична венска инсуфициенција.
Клиничко искуство од секојдневната практика
Од досегашното клиничко искуство во третманот на пациенти со хронична венска инсуфициенција, комбинацијата на OLIGOPINN® и соодветна компресивна терапија покажува значајни придобивки во намалувањето на симптомите. Кај голем број пациенти се забележува намалување на тежината, болката и отокот на нозете, како и подобрување на секојдневното функционирање.
Врз основа на моето искуство во третманот на пациенти со хронична венска инсуфициенција, комбинацијата на OLIGOPINN® и компресивна терапија (компресивни чорапи) претставува особено корисна терапевтска опција кај пациенти со контраиндикации за хируршки третман (stripping) и минимално инвазивни процедури (RFA или EVLA). Исто така, оваа комбинација е соодветен избор кај пациенти кои од лични или медицински причини не прифаќаат оперативен третман.
Првичните резултати од комбинацијата на OLIGOPINN® со компресивен чорап се добиваат кратко по започнување на терапијата, а оптимален третман се добива до 3 месеци од воведувањето на терапијата. Доколку пациентите и после тој период од 3 месеци сеуште не се кандидати за хируршка интервенција или од нивни причини не сакаат да се оперираат си продолжуваат со комбинираната терапија и си доаѓаат на редовни контроли кај васкуларен хирург.
Голем дел од пациентите поради позитивното искуство со лекот продолжуваат да го земаат и да го користат и подолго време, поради фактот што лекот е на природна база и нема несакани ефекти.
За кого е наменет OLIGOPINN®?
· Пациенти со хронична венска инсуфициенција
· Пациенти со проширени вени
· Лица со оток и чувство на тежина во нозете
· Лица со нарушена микроциркулација
· Пациенти кои користат компресивна терапија како дел од третманот
Зошто симптомите се поизразени во лето?
Високите температури доведуваат до ширење на крвните садови, што може дополнително да го зголеми венскиот застој и да ги потенцира симптомите како оток, болка и тежина во нозете. Затоа, летниот период е време кога пациентите особено бараат дополнителна поддршка за венското здравје.
Заклучок
Благодарение на својот мултимодален механизам на дејство и природно потекло, OLIGOPINN® претставува современа поддршка во менаџирањето на хроничната венска инсуфициенција и проширените вени. Во комбинација со компресивна терапија, физичка активност и редовни лекарски контроли, може да придонесе за подобар комфор и подобар квалитет на живот.



Comments