top of page
Search
vlatkon

Кратка приказна за екстрактот од кора на француски приморски бор

Францускиот приморски бор (pinus pinaster) расте во само една шума на југозападот од Франција, помеѓу Бордо и Биариц. Шумата Les Landes de Gascogne потекнува уште од времето на Наполеон III, а дрвата одговорно се стопанисуваат за граѓа по 30-50 години раст. Во шумата не се користат ниту пестициди ниту хербициди, а меѓу другото, француските закони наложуваат спонтано паднатите дрва да се обновуваат секоја година.


Врвниот квалитет на екстрактот произлегува од фактот што кората на приморскиот бор не подлежи на промени поради годишните времиња. Процесот за добивање на екстрактот е патентиран и во склад со највисоките стандарди за квалитет.


На кратко, екстрактот од кора на француски приморски бор има низа неверојатни лековити својства:

  • претставува потполно природен препарат

  • има мерливи и постојани концентрации на процијанидини, биофлавоноиди и органски киселини

  • истовремено поседува двојни анти-оксидативни и против-воспалителни својства

  • ги штити крвните садови

  • придонесува за одржување на нормалната циркулација

  • може да помогне при еректилна дисфункција

  • овозможува подобра контрола на шеќерот во крвта

Индикации за Oligopinn®


  • Во примарна превенција на кардиоваскуларните болести:

    • Атеросклероза

    • Висок крвен притисок

    • Гојазност

    • Хиперлипидемија

    • Дијабетес мелитус

    • Венска стаза

  • Кај пациенти со високи нивоа на оксидативен стрес

  • Кај пациенти со висок крвен притисок


214 views0 comments

Comments


bottom of page