top of page
Search
vlatkon

За здрави коски, зглобови, мускули...

Ново наскоро во сите подобро снабдени аптеки ширум државата


ИНовативни препарати за здрави коски и зглобови.


Forticolinn® - патентирани Fortibone® биоактивни колагенски пептиди во комбинација со калциум лактат, за здрави и цврсти коски.


Иновативна комбинација за превенција и лекување на остеопенија и остеопороза. Уникатен препарат кој стимулира создавање на органски и неоргански матрикс на коските, со што докажано ја зголемува коскената густина, го забрзува зараснувањето на скршеници и го намалува ризикот од појава на нови. Forticolinn® доаѓа во практично пакување во кесички за растворање во течност (вода или сок), безбедно за долготрајна употреба.


Serapinn® - серапептаза 60.000 интернационални единици (30 mg)

Serapinn® Forte - серапептаза 120.000 интернационални единици (60 mg)


Серапептазата е протеолитички ензим за прв пат изолиран од свилена буба, кој има повеќекратни позитивни терапевтски дејства, на пример против-воспалителен ефект, ублажување на болката, смалување на отокот и хематомите во ткивата - посебно зглобовите (артритис) и спречување на прекумерно згрутчување на крвта.


Бидејќи желудечните сокови може да ја деактивираат серапептазата кога се зема преку уста, исклучително е битен фармацевтскиот дозажен облик, кој во случајот на Serapinn® е иновативна DR целулозна капсула отпорна на стомачните киселини.


Дополнително, серапептазата може да го разбие густиот секрет и бактерискиот биофилм (способноста на бактериите да се слепуваат меѓу себе), што значи намален застој на секрет во синусите, носот и белите дробови, односно олеснување на искашлувањето дури и кај цистична фиброза. Воедно, способноста за разбивање на бактерискиот биофилм ја зголемува ефикасноста на антибиотиците.



24 views0 comments

Comments


bottom of page