UROLITINN - кога, каде, колку и зошто?
top of page
Search
  • vlatkon

UROLITINN - кога, каде, колку и зошто?



Со оваа блог - објава би сакале малку да се фокусираме на еден помал проблем, кој е навистина чест, но не му е обрнато многу внимание, а тоа е песок/камчиња во уринарниот тракт, чие медицинско име е уролитијаза. Уролитијазата е болест која се карактеризира со присуство на камења и песок во уринарниот тракт. Значителен број луѓе на возраст помеѓу 30 и 50 години страдаат од уролитијаза. На секои 10 луѓе, еден од нив се соочува со овој проблем. Повисокиот социо-економски статус и исхрана богата со протеини од животинско потекло ја прават уролитијазата проблем на современото општество, а тоа го покажуваат епидемиолошките податоци кои говорат дека од почетокот на 21-от век многу брзо се зголемува бројот на луѓе со овој проблем. Симптомите кои ја карактеризираат појавата на камења во уринарниот тракт се многу непријатни и тие се:

• болка при одење; • крв во урина; • испрекинат млаз на урина; • печење при мокрење. Песокот дополнително предизвикува честа потреба за мокрење. Сепак, најдоминантен симптом во клиничката слика при постоење на камења во уринарниот систем е неподносливата еднострана болка во долниот дел на грбот која повремено се шири кон препоните или гениталниот дел, а понатаму на внатрешната страна на бутот. Болката најчесто се јавува во бранови кои траат од 20 до 60 минути поради спонтани грчеви на мускулите, кои се обидуваат да го втурнат каменот во мочниот меур и дополнително да го исфрлат од телото. Текот на самата болест може да биде комплициран бидејќи, покрај непријатните симптоми, дополнителна претпазливост бараат сериозните компликации на оваа болест, кои често се јавуваат во подоцнежните стадиуми (како што се: повторно формирање на калкулус, зголемување на крвниот притисок и слабеење на функцијата на бубрезите).

Што е Urolitinn?

Urolitinn® претставува биоактивен растителен комплекс кој се користи во превенција и елиминација на сите видови камења и песок од уринарниот тракт. Овој традиционален хербален комплекс успешно се пласира на пазарот и се користи повеќе од 90 години. Зошто Urolitinn?

Благодарение на комбинираниот ефект на растенијата чии активни принципи се дел од производот, Urolitinn® го испира уринарниот тракт и ја подобрува подвижноста на мазните мускули, со што се елиминира песокот и камењата од уринарниот тракт, без оглед на нивното потекло. Покрај тоа, Urolitinn® го спречува развојот на патогени благодарение на компонентите кои имаат антибактериски својства, го спречува и третира воспалението во уринарниот тракт и ги елиминира спазмите и болките во рок од 20-30 минути од моментот на употреба. Кога се препорачува употреба на Urolitinn?

Препаратот Urolitinn® се препорачува кај прекумерно формирање на соли во бубрезите (урати, оксалати, фосфати, карбонати), за разни инфекции на уринарниот тракт (циститис, уретритис, пиелонефритис), присуство на камења во уринарниот тракт и појава на болни спазми (грчеви) на уринарниот и билијарниот тракт.


Како се користи?

Употребата на препаратот Urolitinn® е комфорна, се зема два пати на ден по 30 ml од растворот со помош на дозерот вклучен во пакувањето. Таа количина треба да се раствори во половина чаша вода и да се испие најмалку 15 минути пред оброк.

bottom of page