Сите 3 вида биоактивни колагенски пептиди од INNventa Pharm
top of page
Search
  • vlatkon

Сите 3 вида биоактивни колагенски пептиди од INNventa Pharm

Updated: Oct 5, 2022

Колагенот (по водата) е 2-рата најзастапена супстанција во човечкото тело.


Со тек на време, идеалните нивоа на колаген кои нашето тело природно ги произведува почнуваат да се намалуваат. На возраст од 40 години, способноста на телото да произведува колаген се намалува за 25%. На возраст од 60 години, намалувањето е преку 50%. Ова особено се однесува на колагенот тип 1 и 3.


Има 3 посебни типови колаген, со комплетно различна функција, тип 1, 2 и 3. Сите 3 типа колаген содржат различни колагенски пептиди кои имаат посебна функција во телото.


Преку 90% од колагенот во телото се состои од тип 1 и 3 колаген.


36% од коските се состојат од колаген тип 1 и 3.


3 биоактивни колагенски пептиди од INNventa Pharm

  1. FORTICOLINN® за коски

  2. FORTINN® за зглобови

  3. TENDOCOLINN® за тетиви и лигаменти


FORTICOLINN® - иновација за здрави и цврсти коски


1 кесичка FORTICOLINN® содржи 5 грами FORTIBONE® биоактивни колагенски пептиди и 1,14 грами калциум-лактат, од кои 200 мг калциум.


Специфичните FORTIBONE® пептиди ги стимулираат клетките во коските да го засилат производството на колаген и да го спречат неговото разградувањето, создавајќи на тој начин рамка за поефикасна минерализација на коските со што се постигнува зголемување на коскената минерална густина, односно конечниот резултат - здрави и цврсти коски.

  • Иновација во превенција и лекување на остеопенија и остеопороза

  • Единствен препарат кој стимулира создавање на органски и неоргански коскен матрикс

  • Докажано ја зголемува коскената минерална густина

  • Го намалува ризикот од нови скршеници

  • Безбеден за долготрајна употреба

  • Комфорна примена

FORTINN® - прв вистински регенератор на зглобната 'рскавица


1 кесичка FORTINN® содржи 5 грами FORTIGEL® биоактивни колагенски пептиди добиени од хидролизиран колаген тип II со говедско потекло и сув екстракт од плод на ацерола (30 mg витамин Ц).


Колагенските протеини претставуваат 70% од 'рскавичната маса. FORTIGEL® е иновативна состојка за обнова на зглобната 'рскавица, со оптимизирани специфични колагенски пептиди кои докажано активираат раст на нова 'рскавица со што ги олеснуваат тегобите во зглобовите и ја подобруваат нивната подвижност. Всушност на тој начин FORTINN® го подобрува квалитетот на животот.

  • Докажано ја регенерира зглобната 'рскавица

  • Овозможува подобра подвижност на зглобовите

  • Ја намалува болката и потребата од аналгетици

  • Ги намалува болките во зглобовите предизвикани од прекумерна телесна тежина

  • Ја одржува зглобната 'рскавица здрава кај спортисти и рекреативци

  • Го подобрува квалитетот на живот

  • Едноставна примена

  • Одлична подносливост

  • Без несакани ефекти

TENDOCOLINN® - ја враќа силата и еластичноста на тетивите и лигаментите


1 кесичка TENDOCOLINN® содржи 5 грами биоактивни колагенски пеnтиди TENDOFORTE®, 120 mg сув екстракт од плод од ацерола, 30 mg витамин Ц и витамин Ц 30 mg и 1,3 mg Б6


Силните тетиви и лигаменти придонесуваат за високи физички перформанси и брзо враќање во форма кај професионални спортисти. Тие исто така се неопходен предуслов за мазни движења кај изометрични вежби со голема флексибилност, на пример јога и пилатес. Јачината на тетивите и лигаментите зависи од сочуваниот состав на колагенот, протеогликаните и еластичните влакна. TENDOFORTE® се специјално дизајнирани колагенски пептиди за унапредување на силата и еластичноста на тетивите и лигаментите.

  • Ја обновува структурата и функцијата на тетивите и лигаментите

  • Обезбедува нивна цврстина, сила, подобра подвижност и еластичност

  • Делува антиинфламаторно

  • Го забрзува процесот на заздравување и враќање на секојдневните активности и тренинзи

  • Го намалува ризикот од нови повреди

  • Безбеден за долготрајна, континуирана употреба

  • Со пријатен вкус


1,418 views0 comments
bottom of page