Search

IMUNITINN® MR - тројна заштита од инфекции во текот на 24 часа

Updated: Sep 4, 2021

Епигалокатехин-3-галат (EGCG) е состојка добиена од зелен чај, која има многубројни ефекти врз физиолошките и патолошките процеси во човековиот организам.

Ефектот на кој сакаме да посетиме посебно внимание е антивирусната активност на EGCG. Претходно беше познато дека оваа состојка спречува влез на вируси во клетки, на пр. HIV, грип, хепатит C, како и размножување на вирусите како што се хепатит B, аденовируси и херпес вируси.


Severe acute respiratory syndrome coronavirus-2 (SARS-CoV-2) припаѓа на семејството Coronaviridae. Корона вирусите се позитивни синџири на РНК со големи геноми сместени во обвивка. Тие предизвикуваат многу различни болести кај животните и луѓето. Човечките соеви на корона вирусите hCoV-OC43, hCoV-229E, hCoV-HKU1 и hCoV-NL63 се причинители на обични настинки. Како и да е, SARS-CoV и Middle East respiratory syndrome virus (MERS-CoV) имаат многу висок патолошки потенцијал, воглавном за пневмонии, со смртност од 10–30% кај луѓето.


Во моментов, со исклучок на remdesivir, нема официјално одобрен специјален третман за инфекција со SARS-CoV-2. Традиционалната медицина и растителните екстракти сѐ повеќе се истражуваат како алтернатива, на пример лекот против маларија artemisinin што се добива од лековитата билка Artemisia annua L. 85% од пациентите инфицирани со SARS-CoV-2 во Кина примале традиционални кинески лекови, покрај конвенционалните терапии.

Кој е терапевтскиот ефект на EGCG врз инфекцијата со SARS-CoV-2?


Во последните клинички студии недвосмислено е покажано дека EGCG значително ги спречува инфекциите со SARS-CoV-2 и другите корона вируси. EGCG во најмала рака делумно го спречува влезот на SARS-CoV-2 во целните клетки, но исто така и MERS и SARS-CoV што укажува на широк спектар антивирусна активност. EGCG се врзува со површинските протеини на вирусот и спречува прилепување на вирусите herpes simplex 1, хепатит С, грип (инфлуенца А), вакцинија, аденовирус, реовирус и VSV.

  1. EGCG ги инхибира псевдотипичните вирусни вектори и има широко спектрална антивирусна активност

  2. EGCG ја инхибира вирусната репликација на SARS-CoV-2

  3. EGCG спречува врзување на SARS-CoV-2 со рецепторите

  4. EGCG има инхибиторен ефект врз вирусната репликација ако се даде рано во тек на инфекцијата

IMUNITINN® MR


IMUNITINN® MR содржи 10 таблети со модифицирано ослободување, односно бавно ослободување на активните супстанции во тек на целиот ден.


Уникатниот состав опфаќа иновативна активна состојка епигалокатехин-3-галат (EGCG), пробиотик и витамин Д3.

Состав


  1. Сув екстракт од лист од зелен чај (Camellia sinesis (L.) Kuntze) стандардизиран на 95% полифеноли и 45% епигалокатехин галат (EGCG) 444,5 mg од кои EGCG 200 mg

  2. Lactobacillus rhamnosus CRL 1505 25 mg (1x109 CFU)

  3. Витамин Д3 (холекалциферол) 50 μg (2000 IU)

Зошто IMUNITINN® MR?

  • Превенција на вирусни инфекции на респираторен тракт

  • Ублажување и лекување на симптомите на грип

  • Стимулација на имуниот систем

  • Превенција на бактериска суперинфекција кај вирусни инфекции

  • Помошна терапија во лекување на вирусни, бактериски и габични инфекции

  • Заштита на клетките од оксидативен стрес

  • Комфорна терапија, примена еднаш на ден

Останати препарати од IMUNITINN® линијата


Imunitinn® C + Zn 10 таблети со оптимална доза на витамин Ц и цинк по достапна цена


Imunitinn® C + Zn direct 15 кесички со пријатен вкус на портокал за директно растопување во уста, без додаток на течности, со оптимална доза на витамин Ц и цинк.


Референци


  1. Mhatre S, Srivastava T, Naik S, Patravale V. Antiviral activity of green tea and black tea polyphenols in prophylaxis and treatment of COVID-19: A review. Phytomedicine. 2021 May;85:153286. doi: 10.1016/j.phymed.2020.153286. Epub 2020 Jul 17. PMID: 32741697; PMCID: PMC7367004.

  2. Menegazzi M, Campagnari R, Bertoldi M, Crupi R, Di Paola R, Cuzzocrea S. Protective Effect of Epigallocatechin-3-Gallate (EGCG) in Diseases with Uncontrolled Immune Activation: Could Such a Scenario Be Helpful to Counteract COVID-19? Int J Mol Sci. 2020 Jul 21;21(14):5171. doi: 10.3390/ijms21145171. PMID: 32708322; PMCID: PMC7404268.

  3. Chowdhury P, Barooah AK. Tea Bioactive Modulate Innate Immunity: In Perception to COVID-19 Pandemic. Front Immunol. 2020 Oct 28;11:590716. doi: 10.3389/fimmu.2020.590716. PMID: 33193427; PMCID: PMC7655931.

  4. Chourasia M, Koppula PR, Battu A, Ouseph MM, Singh AK. EGCG, a Green Tea Catechin, as a Potential Therapeutic Agent for Symptomatic and Asymptomatic SARS-CoV-2 Infection. Molecules. 2021 Feb 24;26(5):1200. doi: 10.3390/molecules26051200. PMID: 33668085; PMCID: PMC7956763.

  5. Teixeira AM, Sousa C. A Review on the Biological Activity of Camellia Species. Molecules. 2021 Apr 9;26(8):2178. doi: 10.3390/molecules26082178. PMID: 33918918; PMCID: PMC8069326.

  6. Anderson G, Carbone A, Mazzoccoli G. Tryptophan Metabolites and Aryl Hydrocarbon Receptor in Severe Acute Respiratory Syndrome, Coronavirus-2 (SARS-CoV-2) Pathophysiology. Int J Mol Sci. 2021 Feb 5;22(4):1597. doi: 10.3390/ijms22041597. PMID: 33562472; PMCID: PMC7915649.

  7. Augusti PR, Conterato GMM, Denardin CC, Prazeres ID, Serra AT, Bronze MR, Emanuelli T. BIOACTIVITY, BIOAVAILABILITY, AND GUT MICROBIOTA TRANSFORMATIONS OF DIETARY PHENOLIC COMPOUNDS: IMPLICATIONS FOR COVID-19. J Nutr Biochem. 2021 Jun 2:108787. doi: 10.1016/j.jnutbio.2021.108787. Epub ahead of print. PMID: 34089819; PMCID: PMC8169570.

398 views0 comments