Search

Хемороидална болест, фисури и фистули во бременост

Graminn® супозиториите претставуваат медицинско средство кое во својот состав содржи патентиран екстракт на поленов прав од 'рж Graminex® NAX™, карвакрол, хијалуронска киселина, липосолубилни екстракти од невен, црн слез и алое, како и витамини А и Е.


Меѓу другото, индицирани се за употреба при:

  • аноректални заболувања (хемороидална болест, фисури и фистули) и

  • после проктолошки процедури

Graminn® имаат 4-кратно дејство:

  1. антиинфламаторно дејство;

  2. антиоксидативно дејство;

  3. гради заштитна бариера;

  4. емолиентно дејство.

Graminex® NAX™ е екстракт на поленов прав од 'рж стандардизиран на минимум 7% фитостероли, кој содржи флавоноиди, аминокиселини, ензими, витамини, минерали и други микронутриенти.


Карвакрол е монотерпенски фенол добиен од екстракт од каранфилче (есенцијално масло од каранфилче - Eugenia caryophyllus).


Хијалуронската киселина:

  • го одржува потребниот степен на хидратација;

  • ја заштитува слузокожата од продор на патогени во подлабоките слоеви;

  • го забрзува заздравувањето на ерозиите и пукнатините.

Липосолубилните екстракти од од црн слез (Malva sylvestris L.), невен (Calendula officinalis L.), и алое (Aloe barbadensis M.) содржат слуз и флавоноиди во високи концентрации.

  • Слуз:

  • има висока содржина на полисахариди кои апсорбираат вода;

  • игра улога во создавање на заштитна бариера која е компактна и еластична.

  • Флавоноиди:

  • имаат смирувачки својства;

  • го забрзуваат процесот на заздравување на оштетената мукоза.

Зошто Graminn®?

  • Силно антиинфламаторно дејство кое овозможува брзо ослободување на симптомите;

  • Создава заштитна бариера која ја забрзува епителизацијата и спречува навлегување на патогени од ректумот;

  • Превенира настанување на едем и фиброза кај хронични инфламации;

  • Ефикасно ги регулира симптомите при аноректални заболувања;

  • Докажан механизам на дејство;

  • Без потенцијални интеракции и несакани ефекти.

Начин на употреба


Една супозиторија на ден. Најдобро е да се аплицира навечер, пред спиење.


Времетраење на терапијата


10 дена во континуитет или по препорака на лекар.

98 views0 comments