На пациентите не им е секогаш пријатно да ги откријат аноректалните симптоми пред своите лекари, што доведува до задоцнети дијагнози на проктолошките болести и дополнително загрозување на нивното здравје.
5 од 6 прегледани пациенти ги сокриваат аноректалните симптоми од своите лекари. Процентот на непрегледани пациенти е уште поголем.
Аноректални симптоми се присутни кај приближно 14% од населението, од кои најчести се:
32% крварење
31% болка
22% чешање
22% оток
14% исцедок
Овие симптоми соодветствуваат на следниве дијагнози:
хемороидална болест
анални фисури
перианални фистули
дерматолошки заболувања
функционални заболувања (на пр. инконтиненција)
Улогата на проктологијата во општата популација е многу значајна. Аноректалните заболувања може значително да го намалат квалитетот на живот кај пациентите. Непријатноста поради чешање, оток или болка поради апсцес или хемороиди ги засега сите секојдневни активности. Функционалните заболувања, на пример аналната инконтиненција, може да доведат до промени во начинот на живот или повлекување од нормалниот начин на живот. Во екстремни случаи, аноректалните заболувања може да значат целосно избегнување на социјални интеракции.
Културните и општествените стеги ги спречуваат некои од пациентите отворено да дискутираат за аноректалните заболувања, а докторите не секогаш прашуваат за потенцијални симптоми, што може да ја одложи дијагнозата.
Постоечката стигма поврзана со аноректалните заболувања може да придонесе за задоцнета дијагноза и влошување на симптомите. На пример, фисурата може да се инфицира. Едноставната фистула може да се усложни и да создаде повеќе канали. Ракот може да метастазира.
Додека рано дијагностицираните фисури може ефикасно да се третираат без последици, кај фистулите е потребен хируршки зафат (фистулотомија) кој може да остави последици кои тешко се третираат.
Зошто Graminn® супозитории?
Graminn® супозиториите имаат четирикратен пристап во третманот:
против-воспалително дејство
анти-оксидативно дејство
гради заштитна бариера
емолиентно дејство
Меѓу другото, индицирани се за употреба при:
аноректални заболувања:
хемороидална болест, фисури и фистули и
после проктолошки процедури
Состав на Graminn® супозитории
Graminn® супозиториите претставуваат медицинско средство кое во својот состав содржи патентиран екстракт на поленов прав од 'рж Graminex® NAX™ 7%, натриум-хијалуронат, липосолубилен екстракт од црн слез (Malva sylvestris L.), липосолубилен екстракт од невен (Calendula officinalis L.), липосолубилен екстракт од алое (Aloe barbadensis M.), есенцијално масло од каранфилче (Eugenia caryophyllus), витамин Е и витамин А.
Graminex® NAX™ е екстракт на поленов прав од 'рж стандардизиран на минимум 7% фитостероли, кој содржи флавоноиди, аминокиселини, ензими, витамини, минерали и други микронутриенти.
Современата технологија на изработка овозможува изолирање на поленот од јадрото на зрното богато со активна супстанција и елиминација на сите алергени кои се наоѓаат во обвивката.
Хијалуронската киселина:
го одржува потребниот степен на хидратација;
ја заштитува слузокожата од продор на патогени во подлабоките слоеви;
го забрзува заздравувањето на ерозиите и пукнатините.
Липосолубилните екстракти од од црн слез (Malva sylvestris L.), невен (Calendula officinalis L.), и алое (Aloe barbadensis M.) содржат слуз и флавоноиди во високи концентрации.
Слуз:
има висока содржина на полисахариди кои апсорбираат вода;
игра улога во создавање на заштитна бариера која е компактна и еластична.
Флавоноиди:
имаат смирувачки својства;
го забрзуваат процесот на заздравување на оштетената мукоза.
Карвакрол е монотерпенски фенол добиен од екстракт од каранфилче (есенцијално масло од каранфилче - Eugenia caryophyllus).
Дејства на Graminn® супозиториите
Силно против-воспалително дејство кое овозможува брзо ослободување на симптомите.
Создава заштитна бариера која ја забрзува епителизацијата и спречува навлегување на патогени од ректумот.
Спречува настанување на оток и фиброза кај хронични воспаленија.
Ефикасно ги регулира симптомите при аноректални заболувања.
Докажан механизам на дејство.
Без потенцијални интеракции и несакани ефекти.
Graminn® супозиториите го одржуваат потребниот степен на хидратација, ја заштитуваат слузницата од продор на патогени во подлабоките слоеви и го забрзуваат заздравувањето на ерозиите и пукнатините.
Начин на употреба
Само 1 супозиторија на ден. Најдобро е да се аплицира навечер, пред спиење.
Времетраење на терапијата
10 дена во континуитет или по препорака на лекар.
コメント