top of page
Bomelinn® таблети 500 mg

Bomelinn® таблети 500 mg

Патентирана формулација на бромелаин, моќен ензим против воспалителни процеси.

 

Bomelinn® е додаток на исхраната кој содржи бромелаин, патентирана комплексна смеса на протеолитички ензими изолирани од кора на ананас (Ananas comosus) со уникатна јачина од 2500 GDU/g (желатин растворачки единици на грам).

 

Механизам на дејство

 

Бромелаинот ја инхибира синтезата на брадикинин и го смирува воспалението. Противвоспалителните ефекти на бромелаинот врз постоперативната болка и отокот на лице се позначајни во споредба со противвоспалителната активност на серапептазата. Во комбинација со конвенционалната терапија бромелаинот остварува корисна улога за смалување на болката и смирување на воспалението.

 

  1. Противвоспалително дејство

  2. Аналгетско дејство

  3. Антиедематозно дејство

  4. Фибринолитичко дејство

  5. Муколитичко дејство

  6. Имуномодулаторно дејство

 

Терапевтски ефекти

 

  • Смирување на болка, ублажување на оток и воспаление

  • Забрзување ресорпција на отоци и хематоми

  • Подобрување подвижност на зглобовите

  • Разградба на мукус и намалување на симптомите поврзани со заболувањето

  • Подобрување пенетрација на антибиотици во воспаленото ткиво, преку разградба на биофилм

  • Намалување доза на аналгетици

  • Побрзо закрепнување после повреди и подобрен квалитет на живот

 

Патентирана формулација

 

Bomelinn®, добиен од кора на ананас по пат на уникатен заштитен процес со повеќекратна водена екстракција. Специфичната технологија на производство ја спречува денатурацијата на ензимите и разградбата на активните состојки на бромелаин и после поминувањето низ гастроинтестиналниот тракт. Протеолитичките фрагменти од патентираната формулација остваруваат противвоспалителна активност пред и после симулација на гастро-интестинално варење, без потреба од користење на технологија за ентерично обложување (гастрорезистентна капсула или таблета).

 

Зошто Bomelinn®?

 

  1. Ја смалува болката, ги смирува отокот и воспалението

  2. Ја забрзува ресорпцијата на отоци и хематоми

  3. Го забрзува закрепнувањето после траума или интервенција

  4. Го подобрува квалитетот на живот

  5. Комплементарна терапија со антибиотици и аналгетици

  6. Комфорна примена - 1 таблета на ден

 

Напомена и предупредување

 

Препорачаната дневна доза не смее да се надминува. Производот не е наменет за лица под 18 години, бремени жени и доилки, како ни за лица преосетливи на било која состојка на производот. Лицата кои користат лекови, пред употреба потребно е да се консултираат со лекар. Посебно внимание е потребно кај лица кои се на терапија со антикоагуланси и антиагрегациски лекови.

 

Пакување

 

15 таблети.

  • Индикации и дозирање

    Максимален период за употреба во континуитет изнесува 6 месеци.

    Индикација

    Дозирање

    Остеоартритис

    1 таблета дневно, помеѓу оброци, во текот на 1 месец.

    Ревматоиден артритис

    1 таблета дневно, помеѓу оброци, во текот на 1 месец.

    Спортски повреди (фрактури, исчашувања)

    1 таблета дневно, помеѓу оброци, во текот на 2 недели.

    После хируршки интервенции

    1 таблета дневно, помеѓу оброци, во текот на 2 недели.

    Ринитис, синузитис, бронхитис

    1 таблета дневно, помеѓу оброци, во текот на 2 недели.

    Стоматолошки интервенции

    1 таблета дневно, помеѓу оброци, во текот на 2 недели.

    Маститис

    1 таблета дневно, помеѓу оброци, во текот на 2 недели.

    После породување

    1 таблета дневно, помеѓу оброци, во текот на 2 недели.

    Ендометриоза

    1 таблета дневно, помеѓу оброци, во текот на 6 месеци.

    Простатитис

    1 таблета дневно, помеѓу оброци, за време на употреба на антибиотикот.

    Со антибиотска терапија

    1 таблета дневно, помеѓу оброци, за време на употреба на антибиотикот.

    Диспепсија

    1 таблета дневно, помеѓу оброци.

914,00 ден.Price
Quantity
  • Facebook
  • Instagram

©2021 by INNventa Pharm. Proudly created by Moderm with Wix.com

bottom of page